Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната плата според кои пет сектори со најниско платени работници во Македонија се рибарството и аквакултура со просечната плата од 12.198 денари, заштитни и истражни дејности со просечната плата од 13.559 денари, производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 13.857 денари, производство на облека со просечна плата од 14.849 денари и секторот производство на мебел со просечна плата од 15.219 денари.