danskaВо Данска нема страв од губење на работните места, со скратено работно време, во хумана и релаксирана средина и со постојана (платена) едукација, Данците се среќни додека работат, или се среќни бидејќи работат.

Одговорот на ова прашање не е најважен. Важно е дека поради тоа тие се ефикасни. Поефикасни и од Американците. Повеќето Данци се задоволни со својата работа, работната атмосфера и можностите што им се нудат. Истражувањата укажуваат на пет причини зошто Данците се среќни на работното место.

Првата е разумно работно време

Данците сфатиле дека прекувремените часови врз вработените имаат голем број на негативни последици, како за вработените така и за работодавачите. За споредба, Американци кои работат 1.790 часа годишно, во споредба со Данците кои на работното место поминуваат само 1.540 часа годишно, се помалку продуктивни и многу повеќе незадоволни на своите работни места.

Додека Американците прекувремената работа ја сфаќаат како доказ за нивната посветеност и успешност, Данците ја сметаат како доказ за неефикасност и недостаток на чувство за утврдување на задачите и водењето бизнис.

Другата причина е дека шефот е одговорен, но не и “главен”

Во повеќето западни земји, хиерархијата е многу јасна и шефот е најголем авторитет. Во Данска, ситуацијата не е толку црно бела. Данците на работа имаат многу поголема автономија и овластувања, често учествуваат во одлуките кои влијаат врз бизнисот и се секогаш добредојдени со своите предлози и идеи за подобрување на работењето.

Третата причина се дарежливите бенефиции од работата

Загубата на работни места во Данска не е толку голем проблем, бидејќи работникот по отказот уште две години добива 90 проценти од платата, што му остава доволно време и простор да се снајде и да ја реорганизира кариерата и животот.

Четвртата причина е инвестирањето во своите вработени

Уште во 19 век, Данците сфатиле за важноста на образованието во текот на животот, во кое постојано инвестираат. Од платени обуки, семинари па се до можноста за различни форми на преквалификација и советување при изборот на студиите.

За петтата причина говори јазикот

Данскиот јазик нема некои зборови кои означуваат одредени поими. Додека јапонците за работа го користат зборот кароши, што значи “уморен од работа”, Данците го користат arbejdsglade збор кој се преведува во контекст “среќни на работното место”.

Овие зборови прават голема разлика, како во речникот, така и во пристапот кон работата и очекувањата од него.