bankПостојат работи што може или не може да се толерираат. Некои од нив ни говорат дека можеби е време за промена на банката.

  • Такси – Банките им наплатуваат на клиентите такси за одредени производи и услуги кои се користат или не. Некои можеби не сте ги забележале. Ако имате високи (или неочекувани) трошоци на пр. за одржување на сметка, високи трансакциски трошоци, високи каматни стапки можеби е време да се размислува за промена. Можеби ќе бидете во можност да ги елиминирате нив ако разговарате со вашиот банкарски службеник, но одете вооружани со знаење каде можете да добиете подобра понуда.
  • Достапност – Банкарските услуги треба да ви одговараат на вашите потреби. Во суштина тоа се вашите финансии, па би требало да можете да ги користите кога и како сакате. Во секое време, треба да имате пристап до вашите пари. Таа е една од најважните работи во изборот на банка.
    Важно е да бидете сигурни дека можете да ги подигнете вашите пари во секое време. Распоредот на банкоматите и експозитурите е од клучно значење во изборот на истите.
    Доколку сакате да ја следите вашата сметка каде и да сте, потребна ви е функција како мобилно банкарство и онлајн трансакции. Банката која ќе ја изберете мора да ја има таа можност, без дополнителни трошоци.
  • Кориснички сервис – Некои банки се чини, не го стават на прво место односот со клиентите. Доколку се чуствувате невидливи на шалтерите, референтите за кредити или претставниците на кориснички услуги не адекватно и учтиво ги слушаат вашите проблеми, можеби е време да се размисли за промена на банката и одберете банка која ќе ви овозможи пријатно банкарско искуство. Исто така бидете сигурни дека имате телефонски центар на располагање 24/7, или интернет консултант.
  • Не го следат движењето на каматите – Сакате можност да добиете фер каматна стапка на вашата штедна книшка. Не пропуштајте ја можноста да средствата кои ги имате не ви донесат додатни средства. Ако вашата банка не дава пристојни камати за штедење, тоа е можеби уште една причина да се размилите за промена.
  • Промена на вашиот начин на живот – Доколку од неодамна имате промена на вашата одговорност на работа, работно време, брачна состојба, финансиска состојба, можеби ќе морате да разгледате нови банкарски можности. Кога се менуваат вашите банкарски потреби, е добро време за повторно да оцените дали вашата банка и понатаму може да ги задоволи тие потреби.
    На пример, ако вашата банка не ги има најдобрите каматни стапки на станбени кредити, а вие планирате да купите стан/куќа оваа година, можеби ќе сакате да ги разгледате и понудите на другите банки и да ја одберете најдобрата.
    Долку одлучите да направите промена, важно е да споредите неколку банки и да ја најдете најдобрата понуда која нема да вклучува повеќе трошоци и има на располагање повеќе опции, кои во моментот ви се потребни. Кога се префрлате во друга банка не заборавајте да ги затворите сите сметки и да ги подмирите сите обврски кон претходната банка.