Петтиот сет економски мерки ќе биде финализиран до крајот на неделава. Ќе тежи над 50 милиони евра. Се предвидува мерка за отпис на каматите за заостанатите долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, бескаматни кредити за компаниите. Анализите покажуваат дека фирмите полека заживуваат и ја надминуваат кризата, велат од Владата…

До крајот на неделава се очекува да биде подготвен петтиот сет економски мерки. Според вицепремиерот за економски прашања Битиќи во пакетот кој ќе тежи над 50 милиони евра, е предвидено отпис на каматите на долговите кон јавните претпријатија, за компаниите бескаматни кредити. Анализите покажуваат, вели Битиќи,дека компаниите полека заживуваат и ја надминуваат кризата.

Преку Министерството за економија финансиска поддршка – ваучери за туризам ќе добијат семејства кај кои вкупните месечни приходи не надминуваат 30.000 денари.

Од Владата велат дека до декември, кон граѓаните и компаниите се слеале над 350 милиони евра финансиска поддршка, поради пандемијата. Оттаму посочуваат дека дел од барањата на угостителите ќе бидат прифатени како најпогоден сектор од Ковид- 19.