Во програмата за субвенционирање на земјоделството за годинава е предвидено усогласување со политиките на Европска унија. Според Министерството, како пилот мерка за овоштарството, на дел од субвенцијата ќе се воведе авансна, односно исплата однапред, а целата финансиска поддршка ќе се добива на две рати.

Во овоштарство за оваа година се предвидува линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите.

Мерката е во согласност со политиката на Европската унија за исплата на иста сума за сите, за обработлива земјоделска површина независно од културата.

Новина е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во текот на годинава, во периодот од септември до декември 2022-ра. Сите производители на овошје авансно ќе добијат по 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција, а другиот дел ќе се плаќа наредната година како и досега.

На пример, ако за еден хектар јаболков насад вкупната поддршка е 50.000 денари, 12.000 ќе бидат платени однапред до крајот на оваа, а до месец мај следната година ќе пристигнат другите 38.000 денари.

Со овој модел овоштарите парите ќе ги добијат со две исплати.

Ваквиот начин на субвенции е предвидено следната 2 и 23-та да се воведе и во полјоделството, градинарството и лозарството.

Ќе се менува и Законската регулатива, за Платежната Агенција да може да врши 30 проценти плаќање пред да завршат административните и контролите на терен.