Пивара Скопје започна кампања која е апсолутно за поздравување и ќе донира по еден денар од секое продадено Скопско пиво за чисто Охридско Езеро.

Убавините што сме ги наследиле се наша гордост, но и наша одговорност. И само од нас и нашите постапки зависи што ќе им оставиме на генерациите што доаѓаат. Приклучи се на Скопско платформата за чисти природни богатства и помогни ни да ја покажеме на дело љубовта кон она на кое сме горди. Наша гордост, наша одговорност, порачаа од компанијата.