Владата го враќа исплаќањето плата во плик. Министерството за труд скрои предлог закон за времено ангажирање работници во 4 дејности – земјоделие, објекти за сместување и подготовка на храна, дејности на домаќинството и градежништвото.  Шанкери, бармени, конобари, кувари, доставувачи на храна, лица ангажаирани за чување деца или стари лица, како и  за чистење одржување  и попоравка на станбени згради, физички помошни актовности во земјоделието и во градежништвото ќе можат да се активирааат по потреба и да се плаќаат на ден. Начинот на плаќање може да биде или на транскациска или на рака, стои во член 15 од предлог законот.

Работодавачот е должен да плати придонеси и данок на личен доход за лицата кои ќе ги ангажирана најмалку колку што е основицата на минимална плата, а најмногу 6 пати повеќе, или скоро 126 илјади денари месечно.

Газдата треба да го запознае работникот со ваквите услови за   работа, и да го извести 12 часа претходно дека му го прекинува работното ангажирање.

Ангажирањето по потреба нема да смее да се користи цела година, туку најмногу 180 дена. Во овој период може да ангажира  најмногу 10 лица или 10% од вкупниот број на вработени. Работодавачот не смее да ангажира лице кое пред 3 месеци било ангажирано во редовен работен однос кај истиот работодавач.

Од министерството за труд одговори зошто се носи овој закон, дали ќе биде на штета на работниците,  а во корист само на газдите, најавија за утре.