Дали просечната плата е доволна за задоволување на просечните потреби. Не е. А за минималната плата пак да не зборувам, изјави Трпе Деаноски, престедател на УПОЗ.

Со просечна плата над 90.000 денари, програмерите остануваат најплатени во државата. Веднаш зад нив се вработените во воздухопловство, кои во просек земаат по 64 илјади и фармацијата 55 илјади денари.

Статистика ги објави февруарските плати. Просечната изнесува 33.720 денари, што за една година е раст од 13%. Но, реалната нето плата е намалена, над 3 процентни поени. Високата инфлација го изеде стандардот, што значи парите годинава вредат помалку.

„Цените во маркетите се високи, иако некои се замрзнати. Дали просечната плата е доволна за задоволување на просечните потреби. Не е. А за минималната плата пак да не зборувам, изјави Трпе Деаноски, престедател на УПОЗ.

Според статистиката, голем дел од вработените земаат под просечната плата. Во преработувачката индустрија, каде вработени се околу 130.000 лица, или 20 осто од работоспособното население, платите се е движат од 21  до 30.000 денари. Вработените во јавниот сектор се во слична ситуација. Наместо процентуално, добија линеарно покачување на платите и сега во просек земаат по 23.000 денари. За разлика од нив, функционерските плати енормно се зголемија.

„Разочарувањето е големо. Дури се размислува за масовни штрајкови по 1 мај, ако не се превземе нешто. Ние добивме 2.000 денари покачување месечно, а функционерите 2.000 денари дневно. Сега овој месец ќе добијат од 600 до 1000 евра покачување, што значи на плата од 1.000 евра, уште 1.000 евра плус е супер. Можат и да преживеат и да заштедат, за разлика од  нас кои едвај сврзуваме крај со крај, а не пак да заштедиме нешто“,  додава Деаноски.

Инаку Македонија со 550 евра е меѓу земјите со најниски плати во регионот. Просечната плата во Словенија изнасува околу 1.500 евра, во Хрватска  1.100, Србија 706, Црнa Гора 760, Бoсна 630 евра. Најниски плати, под 500 евра во просек, се исплаќаат во Албанија.