Бруто платите на вработените во Германија значително се зголемија во првиот квартал од оваа година. Скокот на платите статистичарите го објаснуваат со големото зголемување на колективните договори и бонусите кои работниците ги добивале поради инфлацијата.
Номиналните плати во првиот квартал се зголемени за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, објави во средата Федералното биро за статистика. Истовремено, потрошувачките цени пораснале за само 2,5 отсто, додека реалните плати за 3,8 отсто.

Ова е најголем пораст од воведувањето на овој вид статистика во 2008 година.

Номиналните плати се повисоки само во вториот квартал од минатата година.

Бонусите, односно еднократните плаќања без даноци и придонеси кои вработените ги добивале поради инфлација изнесувале и до 3.000 евра. Платите на вработените во јавниот сектор и работниците со релативно ниски примања пораснаа над просекот.

Од последниот квартал на 2021 година, инфлацијата во Германија значително забрза и ја ослабна куповната моќ на вработените. Реалните плати се значително намалени. Повторно растат од средината на минатата година, бидејќи потрошувачките цени почнаа да се смируваат.