Српскиот претседател Александар Вучиќ се пофали дека неговата земја веќе ја надмина Бугарија во однос на просечните плати.

Во моментов во Србија платата е 424 евра. Ги престигнавме Бугарија и Босна и Херцеговина. Зад нас се Албанија и Македонија. Следните земји се Унгарија и Романија, рече Вучиќ.

 

Во однос на Хрватска, српскиот претседател рече дека во 2002 година просечната плата во Хрватска изнесувала околу 700 евра, а во Србија само 146  и дека драстично е намалена  разликата. Наскоро просечната плата во Србија ќе изнесува околу 465 евра, рече тој.

„Денес сме во многу добра состојба, а нашата економија напредува со постојано темпо. Ја намаливме невработеноста. Платите и пензиите се зголемуваат“, рече Вучиќ, како што пренесе PTC.