Според поранешниот претседателот на Р. Бугарија, Македонија нема да има такви шанси за напредок на нејзиниот евро-атлантски пат во текот на следните 20 години

Плевнелиев: ЕС и НАТО няма какво повече да направят за членството на Македония

Европската унија и НАТО нема што повеќе да направат за процесот на пристапување на Македонија, тие го направија сето тоа и многу повеќе. Ова го изјави поранешниот претседателот Росен Плевнелиев (2012 г.- 2017 г.) за време на дискусијата “Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македонија”, организирана од Европскиот совет за надворешна политика.

“Тоа е подадена рака од судбината, ако вие не ја преземете, нема да имате повторна шанса барем во наредните 20 години”, посочи Плевнелиев.

Според него моментот е погоден, бидејќи подоцна нема да е јасно веќе дали ќе има политичка волја од страна на Грција, бидејќи таму претстојат избори следната година. Претседателот, исто така, рече дека кај ЕУ се забележува еден “замор” од проширувањето, како и голем број на други внатрешни проблеми, кои исто така би можеле да влијаат во иднина.