Додека бројот на локални посетители се намали за 28,7% во периодот јули-септември на годишно ниво, Турците потрошија 18,86 милијарди турски лири (2,6 милијарди долари), што е за 19,2% помалку за истиот период

Во услови на глобален колапс во туризмот, како резултат на пандемијата на коронавирусот, трошоците за домашен туризам во Турција продолжија да опаѓаат во третиот квартал на 2020 година на годишно ниво, изјави Турскиот статистички институт (TÜİK), цитиран од Анадолската агенција.

Додека бројот на локални посетители се намали за 28,7% на годишно ниво, Турците потрошија 18,86 милијарди турски лири (2,6 милијарди американски долари), што е за 19,2% помалку за истиот период.

„Најголемо намалување има кај трошоците за пакет патувања за 39,4%, и трошоците за облека и подароци, соодветно за 31,4%“, велат од институтот.

Податоците за првиот квартал исто така покажуваат дека туристите оствариле 21,7 милиони патувања, што е за 32% помалку од пред една година.

Локалните посетители остварија повеќе од 255 милиони дневни патувања, додека просечниот број на ноќевања беше 11,7, а просечната цена на патувањето беше околу 868 турски лири (120,2 американски долари).

Главната цел на патувањата е посета на роднини, што претставува 58,9% учество, проследено со патувања и рекреација со 35,7% и здравствена заштита со 2,4%.

Во меѓувреме, во третиот квартал, бројот на посетители и вкупните трошоци беа повисоки од вкупните во првите два квартали.