Цената на нафтата на меѓународниот пазар се искачи на 105 долари по рускиот напад на Украина што предизвика загриженост за набавката на нафта поради можните санкции а руската нафта. Цената на барел нафта на лондонската берза скока за 8,15 долари во однос на претходното затворање, на 104,99 долари, а накратко ја достигна и цената од 105,79 долари.
На американскиот пазар цената на нафтата се покачи за 7,33 долари, достигнувајќи 99,43 долари за барел.
Аналитичарите сметаат дека цената на нафтата во Лондон најверојатно ќе се задржи на нивото над 100 долари за барел, се додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), американските компании или на пример Иран, не обезбедат алтернатива за руската нафта и не пласираат на пазарот поголема количина.
Финансиските стручњеци предупредуваат и на инфлаторниот притисок што го создава цената на барел нафта од 100 долари, посебно во Азија бидејќи тој регион поголем дел од своите енергетски потреби ги подмирува од увоз.