Oil_wellЦените на нафтата на меѓународните пазари се искачија на ниво од 58 долари за барел, со поддршка од зголемената побарувачка за бензин и поттикнувачките економски податоци од Германија.

На лондонскиот пазар суровата нафта порасна за 1,37 $ во однос на претходното затворање, на 58,42 $. На американскиот пазар се тргуваше за 1,07 $ повисока цена во споредба со претходното затворање од 52,72 $.

Нафтата доби поддршка од сезонското зголемување на побарувачката за бензин, која ги охрабрува рафинериите да ги зголемат активностите за преработка.

Дополнителна поддршка е обезбедена и од страна на охрабрувачките податоци од Германија, кои покажаа скок на извозот во мај за 1,7 проценти во однос на претходниот месец, подкрепувајќи ги очекувањата дека најголемата економија на Европа во вториот квартал ќе забележи посилен раст отколку скромниот раст во првиот квартал.

“Лондонскиот пазар го утврди ценовното дно”, забележува Olivier Jakob од PetroMatrix. “Се додека побарувачката за бензин е силна, тешко е да се очекуваат нови распродажби на сурова нафта, освен доколку не стигнат некои новости од Иран”, додава тој.

Западните сили и Иран во четвртокот беа на работ на договорот, што може да доведе до укинување на санкциите кон Техеран, иако преговарачите останаа во ќор-сокак, кога станува збор за оружјето и трговијата со проектили, напоменуваат од Reuters.