Во тек е исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тромесечје односно за месеците јули, август и септември. Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ. Сепак дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве.

Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките. Инаку УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

По овој основ, според податоците Управата треба да им исплати речиси 430 милиони денари.