Министерството за економија го објави јавниот оаглас за доделување финансиска поддршка преку потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, кои ги донесе Владата.

Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ.

Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион – Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион – Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа, посочи Бектеши. Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

Доставувањето на барањата и документацијата за ранливите потрошувачи на енергија се врши најдоцна до 15 февруари, додека за поттикнување енергетска ефикасност до 12 февруари. Деталите се наведени во ОГЛАС 1 и ОГЛАС 2.