Од денеска до 15 октомври, сите земјоделци кои произвеле јаболка во реколта 2018 година и количините ги предале на регистриран откупувач во периодот од 12 октомври 2018 година до 25 јуни 2019 година, ќе можат да поднесат барања за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.

Висината на оваа финансиска поддршка е три денари по килограм за предадено јаболка кај регистрирани откупувачи по цена не повисока од пет денари за килограм.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски и во барањето треба да прикачат потврда за предадено јаболко во преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка, ќе можат да се обратат за помош во сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.