MINT Store ги претстави првите подарок ваучери. Кога најдобриот подарок е правото на избор

Во време кога сè потешко е да се избере вистински подарок, MINT Store воведува едноставно и практично решение: подарок ваучери кои му овозможуваат на секој сам да го избере токму она што му е потребно.

Како дел од континуираниот развој на платформата, MINT Store за првпат ги претставува своите подарок ваучери, достапни во различни износи и наменети како за индивидуални корисници, така и за компании.

Наместо часови поминати во барање на совршениот подарок“, ваучерот му остава слобода на примателот сам да избере производ од богатата понуда на платформата.

„Подарок за секоја пригода. Примателот ќе си го одбере омилениот производ од нашата веб страница.

Токму ова е идејата зад новиот производ на MINT Store: да се подари внимание, а изборот да остане личен. 

Подарок ваучерите можат да се користат за купување производи преку платформата MINT Store и претставуваат практично решение за родендени, свадби, матурски прослави, празници, деловни подароци, награди за вработени и различни корпоративни кампањи.

Покрај индивидуалните корисници, значителен интерес се очекува и од компаниите кои сè почесто бараат флексибилни и современи начини за наградување на своите вработени, соработници и деловни партнери.

Покрај онлајн нарачките, подарок ваучерите наскоро ќе бидат достапни и преку мрежа на продажни места и киосци низ државата, што ќе го направи нивното купување уште подостапно и поедноставно за граѓаните.

Со воведувањето на подарок ваучерите, MINT Store прави уште еден чекор кон создавање модерно и едноставно искуство за онлајн купување, каде удобноста, изборот и корисничкото искуство се во центарот на вниманието.

Бидејќи понекогаш најдобриот подарок не е предметот.

Најдобриот подарок е можноста сами да го избереме.