2023 година земјоделците ја завршија со над 150 милиони евра финансиска поддршка. Исплатените пари се од повеќе програми. За директни плаќања, за рурален развој, рибарство и аквакултура, интервентентниот фонд, за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје и од европскиот ИПАРД.

Во текот на 2023 година, од вкупната реализација на Програмата за директни плаќања е исплатата на 127 милиони евра. Програмата за рурален развој достигна над 11 милиони, а за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук близу 500.000 евра.

Од интервентниот фонд на фармерите на сметка им легнаа скоро 5 милиони, а од ИПАРД 2 во 23-та 13,3 милиони евра. Со ова во земјоделскиот и секторот за производство на храна се исплатени вкупно 157 милиони евра.

Финансиска поддршка од 403 милиони денари добија 22.000 полјоделци, а 10.000 денари по хектар добија и производителите на градинарски култури. За оваа цел беа издвоени 65 милиони денари за повеќе од 9.150 корисници.

Над 9.000 овоштари се поддржани со 132, а за одржување на лозовите насади следуваа 150 милиони денари.

Млекопроизводители имаа финансиската поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од октомври 22 до април 2023 година. За премијата за млеко се потрошени 278 милиони денари.

Финансиски е поддржан и проектот за дистрибуција на свежо овошје, односно праски, кајсии, јаболка, сливи и круши за 38.000 деца од градинките.

Со прв објавен јавен повик лани стартуваше и ИПАРД 3 со буџет од 30 милиони евра.