Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати за вработените во приватниот сектор со претходните механизми.

-Поддршката за плати ќе биде скалеста од 14.500 до 21.767 денари, но секако ќе има поддршка и за медиумите, тутунарите, директна поддршка за сите граѓани, а посебно за тие категории на граѓани кои повеќе имаат потреба и имаат пониски примања, изјави Бектеши.

Министерот истакна дека ќе се даваат ваучери за туризам од 15 илјади денари и оти директно ќе бидат поддржани хотелите кои не се во туристички дестинации и немале можност да бидат поддржани со ваучер системот.