Почитувани читатели на Ценометар.мк при проверката на новите цени од страна на сервисот Ценометар.мк забележавме драстичен скок на цените кај следните производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.
Зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:
- Банана – поскапена за 8-10 денари!
- Лимон – поскапен за 5-7 денари!
- Јаболка – поскапени за 8 денари!
- Домат – поскапен за 14 денаари!
- Зелка – поскапена за 4 денари!
- Компир – поскапен за 6 денари!
- Прашно – поскапено за 4 денари!
- Грав – поскапен за 17 денари!
- Путер – поскапен за 5 денари!
- Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!
- Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!
- Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!
Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот тренд е јасен.
Дали е доволна мерката за замрзнување само на основните производи, или Владата треба генерално да ги замрзне цените на сите производи? Дали луѓето не треба да јадат овошје и зеленчук кој немилосрдно поскапува?
Со ваков раст на цените, народот нема да може да купува воопшто овошје и зеленчук и неговата прехрана ќе се сведе на леб, ориз и масло, за жал.
Извор: Ценометар.мк