Министерот за финансии планира слендиот месец да издаде граѓанска обврзница со рок од две години.
Каматната стапка на овој инстумент се уште не е дефинирана, но ќе биде повисока од депозитите во банките, а пониска од онаа на еврообврзницата на меѓународните пазари.
Новиот инстурмент според Бесими ќе им овозможи на граѓаните со парите кои ги заштедиле да купуваат обврзница од минимум 10 илјади денари, а потоа тие средства ќе се искористат за инвестиции.
Со тоа вели дека граѓаните кои имаат заштети ќе добијат повеќе отколку да ги чуваат парите во банка. И тој има дилема дали да купува поради конфликт на интереси.
Но, за тоа ќе ја контактирал антикорупциската комисија. Сепак, смета дека премиерот и другите министри можат да купуваат.
Бесими очекува од овој инстумент да има прилив од околу 50 милиони евра. Тој нагласи дека покрај граѓанска, во план е Министретвото е да издаде и развојна зелена обврзница.