Вкупниот број на пензионери во август изнесува 325 637, а просечната пензија 15.854 денари, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ).

Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219 323),  семејна (75 785), инвалидска (30 529). Кај висината на просечната пензија најмала просечна пензија од 8.263 денари имаат пензионерите кои земаат земјоделска пензија, додека највисока просечна пензија имаат воените пензионери и таа изнесува 23.069 денари. Просечната пензија пак кај најголемата група на корисници по старосна пензија изнесува 17.117 денари.

(во денари)

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 798), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,68 отсто (86 865) .

Или ако се соберат процентите до 14 илјади денари пензија земаат 50,06 проценти од пензионерите, додека од 14.000 па нагоре 49,94 отсто. Или во бројки тоа би било 163 012 пензионери земаат пензија до 14.000 денари додека 162 625 над оваа сума.

Состојба на корисници на пензија по групи на исплата за август

Максимален износ на пензии  

Бројот на корисници со највисоки пензии чиј распон се движи од 43.516 денари до 57.992 денари во август изнесува 1.324. Најголем дел од нив се пензионери што оствариле старосна пензија 1248. Останатите пенионери со најголема пензија се семејна пензија 53-ца и инвалидска пензија 23-ца.

Од пензионерите со највисока пензија најголемиот дел од нив, односно  883-ца, земаат пензија во износ од 42.240 денари. Највисока пензија во земјава од 57.992 денари земаат 39 пензионери од кои 37 оствариле страросна пензија, додека двајца земаат инвалидска пензија.

Најниски пензии

Корисници на најниските пензии на пензионери што оствариле право на пензија до крајот на 1996 година чиј број изнесува 11 359 земаат пензија од 12.801 дена до 12, 222 денари. Пензионерите со право на пензија остварено од први јануари 1997 година чиј број е 4 607 земаат пензија од 11.146 до 9.986 денари. И корисниците на пензии остварени од први јануари 2002 година чиј број изнесува 63 904 имаат пензии во висина од 10.487 до 11.703 денари.

Нови пензионери во август

Во август месец бројот на нови пензионери се зголемил  за 2 168, од нив 1 457 се мажи, а 711 жени. Истовремено бројот на починати пензионери е 1 491, од нив 1 210 се мажи, додека 281 се жени.

Извор: Пари.мк