Полскиот министер за финансии Андреј Домански изјави дека Полска не е подготвена да почне да ја користи валутата евро.

Домански рече дека верува оти нивната валута, полската злота, и помогнала на Полска да ја избегне рецесијата за време на глобалната финансиска криза, пишува Асошиетед прес.

Полска е меѓу десетте земји кои се приклучија на Европската унија на 1 мај 2004 година, кога ветија дека ќе престанат да ги користат нивните национални валути и ќе се приклучат на еврозоната.

Нема цел датум за усвојување на еврото.

Усвојувањето на еврото ќе бара одобрение од најмалку две третини од Сејмот за да се направи уставен амандман за промена на официјалната валута од злоти во евро.  Партијата на правото и правдата, најголемата политичка партија во Полска, се противи на усвојувањето на еврото. Премиерот Доналд Туск изјави дека можеби ќе се согласи на референдум за учество во еврото со цел да ја добие нивната поддршка за уставниот амандман.