Овчарите и годинава ќе можат да користат субвенции за платите во висина до 100 проценти од месечните нето примањата во оваа дејност. Помошта е предвидена во програмата за рурален развој зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики. За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари …

За чување и пасење на овци, кози и говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри сточарите можат да добиваат субвенции од државата за зголемување на нивните плати.

Поддршката изнесува 100 проценти од просечните месечни нето примања во оваа дејноста во периодот од први јануари до 3-ви декември 2023 година.

Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 300 овци, 150 кози или 100 говеда.

Полниот износ го добиваат 15 вработени.

Бројот на работниците за кои е исплатена поддршката треба да е непроменет најмалку една година од добивањето на парите.

Висината на поддршката по корисник изнесува до 620.000 денари по вработено лице.

Оваа мерка се применува неколку години по ред за да се задржат овчарите кои ги има сè помалку за чување на македонските стада.

Јавните повици ги објавува Платежната агенција до 30-ти ноември 2024 година, а еден корисник може да поднесе најмногу две барања за користење на финансиска поддршка по различни мерки од Програмата за рурален развој.