Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16%, цената во вториот блок како и цената на евтината тарифа остануваатисти, трет блок се зголемува за 2,88% и четврт блок се зголемува за 1,86%.

– Водејки се од интересот на граѓаните, а имајќи го во предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а со цел заштита на ранливите категории Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и со оваа одлука рефлектира решенија кои ќе го заштити стандардот на граѓаните.

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Со примена на овој модел мрежарината се намалува за скоро 23%.
Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4%, втор блок за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврти блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Ова е збир од цена на активна енергија плус мрежарина која се намалуа за скоро 23 отсто.

Во сметката за електрична енергија ќе има уште една ставка, за пристап до мрежа, кој ќе го плаќаат сите, трошеле или не струја, која првенствено е наменета за сопствениците на викендички, станови или куќи кои не се во редовна употреба.

– Сите потрошувачи, односно домаќинства ќе плаќаат 200 денари за пристап на мрежа. Дополнително потрошувачката на струја се намалува во земјата пред се поради поставувањето на фотоволтаици на домаќинства и компани. Не беше фер тој товар да го поднесат потрошувачите кои не поставиле фотоволтаици на своите кровови. Ова е правилен пристап според нашата институција – додаде Бислимоски.