Народна Банка на Република Македонија соопшти дека според последните податоци на менувачкото работење, заклучно со јануари 2018 година, има годишен пораст на понудата и побарувачката на девизи.

Нето- откупот кој бил остварен на менувачкиот пазар во текот на јануари 2018 година изнесува 77,5 милиони евра, што претставува раст од 17,4 отсто на годишна основа.

Оваа година во јануари, на девизниот пазар на банките остварена е нето-продажба на девизи од 30,6 милиони евра, што е малку поумерено остварување  во однос на истиот период  од предходната година.

НБРМ смета дека ваквата годишна промена се должи на посилниот раст на понудата во однос на побарувачката од нето-откупот од нерезидетните ( наспроти остварената нето-продажба во јануари 2017 година)  и повисокиот нето-откуп од зголемената нето-продажба на фирмите.