Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е непроменет и изнесува 14,2, а во однос на септември лани е намален за 0,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2022, во однос на август 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2022 година изнесува 66.1 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.2 %, недоволната странска побарувачка со 16.8 %, неизвесното економско опкружување со 16.4 % и недоволната домашна побарувачка со 11.9 %..