олем дел од минатогодишната домашна берба на јаболка ќе заврши во индустриско производство, а како и на европскиот пазар, поради беспарицата, потрошувачите се одлучуваат за поевтини сорти на ова овошје. Конфликтот во Украина влијаеше на падот на извозот на јаболка во Русија, традиционално најголемиот српски извозен пазар. Во првите 11 месеци од 2022 година, домашните производители на Русија и продале јаболка во вредност од 62 милиони евра, што е за околу 10 милиони евра помалку отколку во истиот период од претходната година, пишува Политика рс.

Извозниците велат дека првичните пречки во транспортот се надминати, но патот до рускиот пазар сега е малку подолг бидејќи камионите превезуваат стока по други релации. Најголема неизвесност доаѓа од наплатата на побарувањата, а роковите за плаќање се до 40 дена. Сепак, овие загуби беа делумно компензирани со извозот во нови земји, како што се Обединетите Арапски Емирати, од каде српските јаболка се препродаваат на други пазари. И глобалниот пазар на јаболка се соочува со значителни предизвици во различни региони. Производителите мака мачат со различни проблеми во производството и дистрибуцијата, објави неодамна специјализираниот портал „Фрешплаза“.

Пазарната ситуација на земјите-членки на ЕУ е различна. Полска, како голем производител, извезува и го преплавува пазарот на ЕУ и другите земји. Се очекува дека висококвалитетните јаболка од ладилниците ќе стигнат и до Азија. Во исто време, Холандија се бори со прекумерен раст на увозот на јаболка од Полска, додека инфлацијата ја намали потрошувачката на ова овошје во Белгија.

Според извештаите, потрошувачите сега повеќе бараат поевтини сорти, како што е Јонаголд, додека забележлив е пад на побарувачката за клубски сорти. Беше објавено дека пред 20 години Белгијците консумирале 12 килограми јаболка по жител, а сега само 6,8. Цените на јаболката во Шпанија се повисоки од минатата сезона, но пониски од просекот. Проблемот е што Турција по разорниот земјотрес се соочува со проблеми со дистрибуцијата. Се очекува логистички проблеми да ги зголемат цените на ова овошје.