Google доживеа вистински дебакл при претставувањето на нивниот четбот базиран на вештачка интелигенција. Имено, четботот Bard е соатпен само за мал број корисници, а за сите ќе биде достапен за неколку недели отсега. Google на Twitter објави демо видео со кое сакаа да ги покажат можностите на четботот и како ќе може да се користи во секојдневието. Но, наместо тоа, ова демо ја чинеше компанијата 100 милијарди долари од нејзината вредност.

Во тоа демо Bard одговара на прашања на кориснциите за новите откритија на телескопот James Webb. Меѓу одговорите Bard напиша дека овој телескоп прв снимил фотографија на планета надвор од Сончевиот систем. Но, како што е познато, првата таква фотографија е снимена уште во 2004 година со најголемиот оптички телескоп во Чиле.

После прикажувањето на ова демо и грешниот одговор што го даде четботот, вредноста на акциите на Google падна за речиси 8%, а пазарната вредност на компанијата потона за дури 100 милијарди долари.

Токму од ова се плашеа во Google. Имено, откако ChatGPT го одушеви светот, почна да се зборува дека токму така ќе изгледа иднината на пребарување ан интернет – наместо линкови кои ќе ни ги дадат одговорите на прашањата, вештачка интелигенција ќе ни ги даде директно. Извори од Google тогаш тврдеа дека компанијата не сака да ја забрза имплементацијата на AI во пребарувачот затоа што во случај на неточни одговори ќе им се наури репутацијата.

Но, бидејќи други компании го гледаа ChatGPT како голема закана и осовено Microsoft инвестираше големи пари во OpenAI, Google одлучи побрзо да го претстави сопствениот четбот со вештачка интелигенција и секако дека не се задоволни од првичните резултати.Ова особено става акцент на ригирозното тестирање на четботот, а токму тоа ќе се прави неделава во склоп на програмата Trusted Tester, велат од Google. Додаваат дека ќе ги комбинираат резултатите од своето тестирање со фидбекот од корисниците за да бидат сигурни дека Bard ги исполнува високите критеируми за квалитет и сигурност.

(CNN)