Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 100.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15.8 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12.7 %, Капитални производи за 5.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %.