Годишната стапка на инфлација во еврозоната е во пораст. Во март изнесувала 1,3% наспроти 1,1% во февруари, објави Eurostat, статистичкиот завод на Европска Унија. Годишната инфлација во Европската Унија во март годинава изнесувала 1,5%, наспроти 1,4% во февруари. Една година порано стапката беше 1,6%.
Најниски годишни стапки се регистрирани во Кипар (-0,4%), Грција (0,2%) и Данска (0,4%), додека највисоки годишни стапки беа забележани во Романија (4,0%), Естонија (2,9%), Словачка и Литванија ( 2,5%).
Споредено со февруари, годишната инфлација падна во шест земји-членки, а во исто толку земји остана стабилна. Во март 2018 година, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната дојде од услугите (+0,67 процентни поени), односно од храна, алкохол и тутун (+0,41 п.п.), енергија (0,20 п.п.) и неенергетски индустриски производи (0,07 п.п.).