Во својата најнова анализа, „Порталб“ пишува за внатрешниот долг на државниот сектор, а ние ја пренесуваме во целост.

Долговите на државниот сектор – јавни претпријатија, здравство, општини и образованието на крајот од кризната 2022 година надминаа 418 милиони евра, ниво кое е повисоко и во однос на третиот квартал од лани и во однос на истиот период лани.

По основ на неплатени сметки за комуналии, греење и транспорт, државниот сектор пријавил долг од 77,4 милиони евра.

Раст на долговите на јавните претпријатија

Само за три месеци значајно се зголемени доспеаните, а неплатените обврски на јавните претпријатија на централно и на локално ниво. Долговите на јавните претпријатија на централно ниво и на државните фирми на крајот од декември достигна 158,3 милиони евра  што е за 32,3 милиони евра повеќе, новосоздаден долг само за три месеци. Кај општинските јавни претпријатија само за три месеци долгот е зголемен за 4,8 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски (2022)

            IV квартал                        III квартал          

ЈП на централно ниво, државни фирми          158 335 000 евра           126 010 000 евра

ЈП на локално ниво                                                 75 629 000 евра            70 794 000 евра

Финалните податоци од новата „должничка листа“ на Министерството за финансии на квартално ниво  покажуваат намалување на долговите на здравството, на дел од општините, но сепак тие се бројат во десетици милиони евра. Конкретно доспеаните, а неплатени обврски на јавните здравствени установи на крајот на декември изнесувале 84,7 милиони евра, што ги рангира на второ место по висината на долгот, зад јавните претпријатија и државни фирми.

Доспеани, а неплатени обврски (декември 2022)  

Јавни здравствени претпријатија                                84 673 000 евра

Општини                                                                             66 200 000 евра

Буџетски корисници (прва линија)                               10 600 000 евра

Анализата на податоците покажува дека најголем удел во растот на вкупните доспеани, а неплатени обврски на државниот сектор имаат токму јавните претпријатија. Вкупниот внатрешен долг меѓу институциите и кон приватниот сектор на крајот на декември лани достигна 418,6 милион евра.

Доспеани, а неплатени обврски

Декември  2022 година                                      418 622 400 евра

Септември 2022 година                                      405 800 000 евра

Декември  2021 година                                       391 571 000 евра

Само за три месеци, во четвртиот во однос на третиот квартал лани, долговите се зголемени за 12,8 милион евра, а во однос на 2021 растот е за 27 милион евра.

Најголем долг за комуналии, греење и транспорт

Според висината на долгот, на врвот од должничката листа се наоѓаат три јавни претпријатија во државна сопственост и две општини.

На прво место е АД „Македонски енергетски ресурси со долг значајно зголемен за три месеци на ниво до 82,6 милион евра, на второ место е АД МЖ Транспортсо долг од 64,9 милион евра. Потоа следува општина Тетово со износ од 13,5 милион евра, ЈП Колекторски систем Скопје со долг од 8,6 милион евра и на петто место е општина Охрид со пријавен долг од 8,4 милион евра.

Највисоките должнички износи се по основ на комуналии, греење, транспорт, комуникации, за материјали и ситен инвентар, за договорни услуги. Така на крајот на декември износот на доспеани обврски за комунални сметки, комуникации, греење изнесувал 77,4 милион евра, за материјали и ситен инвентар 73,7 милион евра, за договорни услуги 41,3 милион евра, за други градежни работи 36,5 милион евра. Најголем дел од долгот е внатрешен, во јавниот сектор и кон приватните фирми и здруженија, па така обврските меѓу јавниот сектор изнесувал 199 милион евра а кон приватниот сектор скоро 198 милион евра.