Сточарството пред колапс. Надежта дека католичкиот Велигден ќе ги спаси од пропаст, им падна во вода. Моменталната откупна цена од 180 до 190ден. за килограм јагне жива мера за нив е неприфатлива.  Бараат реална откупна цена со која ќе може да ги покријат трошоците, но и да спечалат нешто.

  „Викавме оваа година подобра ќе биде, имавме надеж овчото млеко да се продава по 80ден. За литар, а јагнешкото од 260 до 280денари и да опстанеме и за нас да има една плата„ вели Омер Бајрам, единствен што одгледува овци во Лакавица Бајрам Омер, од штипското село Лакавица

Стадото на Бајрам има 400грла и во штипска Лакавица е единствениот што останал да одгледува овци. Ниската цена на млекото и месото се причина за многу сточари се откажуваат од одгледување.

  „Оваа година уште повеќе ќе се продава стоката. Кој како продава јагниња и стадото го продава и не може да опстанеме..едно кафе 60денари, едно литро млеко 50 денари, како може така да биде. Имаме големи трошоци и не се исплаќа да чуваме„ вели Бајрам.

Годинава се планира да бидат откупени околу 200.000 јагниња.