Банката Поштанска штединица потпиша договор за купување на Комерцијална банка а.д. Бања Лука. Договорот го потпишаа претседателот на извршниот одбор на Поштенската штедилница, Бојан Кекиќ и претседателот на ИО на Комерцијална банка Белград, Властимир Вуковиќ.

Во изјавата по потпишувањето, Кекиќ оцени дека купувањето на оваа банка е создавање на еден вид „финансиски автопат“ меѓу Србија и Република Српска. Тој изјави дека на овој начин ќе се зајакне довербата што граѓаните на Српска ја чувствуваат кон Србија, како и дека купувањето на банката ќе придонесе за натамошен развој на корпоративните односи меѓу овие две економии.

Кекиќ денеска не ги соопшти деталите за откупот, бидејќи се чекаат одобренијата од регулаторот, па самиот откуп подоцна ќе биде финализиран на берзата во Бања Лука. Исто така, Кекиќ рече дека е задоволен од договорените детали околу купувањето на оваа банка и посочи дека тие ќе и бидат претставени на јавноста за месец и пол до два.

Тој посочи дека ова е прво проширување на Поштенската штедилница надвор од границите на Србија и додаде дека се надева дека тоа нема да биде последно.

Словенечката НЛБ на крајот на минатата година ја презеде Комерцијална банка, а Поштанска штидиница е 100% во сопственост на државата Србија.