Струјата поскапува околу 7,5%. Сега граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат скапите тендери кои ги прават Заеви во РЕК и партиските и непотистичките вработувањата кои изминатите години СДСМ и Заев ги правеа во енергетските компании на државата, обвинува денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Згора на се без срам претседателот на РКЕ се фали дека за сметка од 1.500 денари зголемувањето ќе било само 100 ден.

Почитувани, сметките за електрична енергија не се чист процент за пресметување. На таа зголемена цена има и ддв од 18%. Оттаму ве уверуваме дека зголемувањето на сметка од 1.500 денари ќе биде многу повеќе од 100 денари и ќе се движи и до 500 денари.

Или поточно ако се земе предвид дека граѓаните плаќаат во просек сметки по 3000 денари месечно, поскапувањето ќе биде речиси 1000 денари поскапа струја месечно, односно до крајот од годината секое семејство ќе треба да одвојува дополнителни 12 илјади денари или 200 евра повеќе од својот семеен буџет. Она што се фалеа дека го дале со враќањето на ефтината тарифа, денес го одземаа повеќекратно“, изјави Стоилковски.