Парното греење во Скопје поскапува за речиси шест отсто. Пресметката на Регулаторната комисија за енеергетика вели дека за 60тина квадратен стан нова сметка која ќе доаѓа од август годинава ќе биде повисока за околу 140 денари.
Претседателот на регулаторна Ацо Ристов вели дека голем дел од трошоците на компаниите од овој сектор не биле признаени, а токму тие ставки се главни за формирање на крајната цена која ја плаќаат домаќинствата.
Ацо Ристов претседател на РКЕ
„Регулаторната комисија одлучи оваа година да имаме многу минимално зголемување на цената, тоа е 5,96 проценти ќе биде предложена цена за зголемување и тоа ќе биде просечно зголемување кај домаќинствата на целата територија каде се снабдуваат од ЕСМ Снабдување.“
Ланското зголемување на цената на парно од речиси идентични пет отсто, за регулаторот беше добра можност за компаниите од овој сектор да влизат во инвестиции. Ристов вели дека има инвестиции во одос на проширување на мрежата, и во делот на санирање на загуби, но смета дека тоа се уште не е доволно.
Ацо Ристов РКЕ
„Имаше подготвителна седница, сите беа присутни, се дискутираше за нивните трошоци и вложувања, посебно во инвестициите и беше укажано некои работи се неприфатливи дека мора да работат на намалување на загубите дека мора да работат на ефикасноста на работата, дека регулаторна не прифаќа зголемување на вработувања само заради броја без да се зголеми конзумот.“
За ланската грејна сезона според информациите од регулаторна ниту едно домаќинство не е исклучено од системот за топлинска енергија. Како нови корисници се регустрирани 1521 приклучок и сега во главниот град има вкупно 67 494 потрошувачи кои се снабдуваат со топлинска енергија.