Во ова тмурно и врнежливо утро, стигна веста која така петочки, треба да не „развесели“. Се организирало некакво си здружение на танцови организации, и сега тие, по примерот на пијандурите организирани во здружение на угостители и француските собарици, организирани во здружение на ивент индустрија, сега и овие бараат државна помош, читај пари од државата.

Со ова темпо, очекувам наскоро, да се формира здружение на одгледувачите на гулаби, со посебен департмент одгледувачи на гулаби-таклаџии и и тие да бараат пари од државата. Потоа, сметам дека ни е потребно здружение на грицкачите на семки, на кое исто така му е потребно финансиска помош, бидејќи забрането е групирање и посетување фудбалски утакмици, па заради претрпен стрес, бес и досада, сметам дека треба да бидат компензирани. Исто така да се формира здружение на ороспиите, оние професионалните, бидејќи оддамна забави тој бизнис. Исто така, предлагам, ова најсериозно, да се направи здружение на сите оние кои од сабајле се јавуваат во Здраво Македонијо, кај Роберт и цела депра ни ја пренесуваат од сабајле. Па толку плачови, лелекања, барања, кукања и солзи кон државава јас мислам дека нема на друго место. Ова здружение имам и предлог да се вика „Мачни Души“. Нема тука што не се бара. Само се дреми дома и се лелека по телевизија за барања кон државата, А за Роберт, мислам дека треба бенефициран стаж. Со ова темпо, чоеков – кој сметам дека е супер кул лик, за брзо ќе пошандрца исто ко овие што му се јавуваат.

Но да се вратиме на темава. Што ви е бре луѓе? Кај го има ова?

Немам намера да дебатирам, само би посочил неколку работи кои нормално оваа наша вукојебина, ниту знае ниту може, а треба да ги изведе.

Прво, абре што туку ги тинтрите овие сиве здруженија? Пуштете ги да работат… Потоа, секој од нив оператор да се гони и казни за овозможување на биотероризам. Затварање на бизнис и дебела казна. И готово, чича мича- готова прича. Пошо не можат да разберат каква ситуација владее во светот, што е наднационална, надконтинентална и најлошо – ситуација за која сеуште нема проверено решение, и покрај сето ова трубење година дена, ако сеуште не им е јасно нешто на хохштаплерскиве бизниси – казна дебела и затварање со катанец. Не може поинаку со овие фејк глумци.

Второ, глупава Владо, на чело со лименион војник на позиција министер за финансии. Сакам нешто и Вас да Ви кажам. Се доближуваме опасно до 80% задолженост од БДП. За брзо со ова темпо ќе се задолжиме над 100% и нашиот државен долг ќе стане неодржлив. Кои ќе се последиците, ќе се осврнам во точка 3 подолу. Сакам нешто да кажам за министерот за финансии. Овој лимен војник, припадник на малцинството со посебни потреби, не само што не се грижи за финансиската добробит на државата, туку напротив, негова цел, во склоп со пошироката позадинска цел на малцинството со посебни потреби, е да оваа држава финасиски се папса, за што подобро и побрзо се дезинтегрира и нивниот племенски, селски, нецивилизациски план, со земање на дел од колачот кон нивната апстрактна, романтичарска и ретардирана идеја од 18 век, конечно се оствари. Бидејќи е очигледно ова, предлагам никогаш повеќе да немаме одговорен човек за финансии од малцинството со посебни потреби. Кај овие пештерски ликови, проблемот е што не да не им е гајле нив за финансиската ситуација. Тие се еден стадиум повисоко. Тие намерно работат на што поголемо финансиско оптоварување, пљачкање и финансиско убивање на државата. Нема што тука да сум политички коректен, се гледа тоа од далеку. Овој министеров- лимен војник на малку навоји, кога и да излезе, како да нема поручано, па нешо мумла, вергла а цифрите само растат. Се разбира, цифрите на дефицити, кредити и издадени еврообврзници. Абе врати се во планина човеку, поручај ко човек за да добиеш на тон, еден убрзан курс по финансии и македонски јазик па врати се овде да ни објасвиш. Вака мумла-вергла ама плата лапа. Мумла-вергла ама ќе не стави во толкав борџ, што растението министерка за феминизам и финансии со епскиот проект за сметкопотврдата ќе ни се гледа шеќер.

Трето, глуп народе. Чисто да ви кажам каде ќе не одведе ова задолжување. За брзо ќе дојде време, кога ние нема да можеме да сервисираме долговите т.е. отплаќаме борџовите. Потоа ќе дојдат заптии од Запад со долг катиљ-ферман. Прво што ќе побараат ќе биде отпуштање на 60%, и онака непотребна, администрација. Но тоа нема да биде доволно. Ќе бараат да се кренат даноците на храната, автомобилите, белата техника, облеката, се ќе биде поскапо. Ќе дојде до епска сиромаштија ( чудно ми е ова да го кажам за антикава – ама ќе биде дури и полошо ). И ова што сега го трошите, иако е ужасно малку, ќе биде смалено уште повеќе. На крај, бидејќи кожата веќе ќе ви е одрана, ќе дојдат на ред живеалиштата. Данокот на имот ќе мора да се подигне неколкукратно, ужасно многу. Поседувањето на стан или куќа ќе ви стане неодржливо. Како што беше примерот во Грција пред 10 години, кога станови во Солун и Халкидики се продаваа за 10.000 евра. Наметнатиот висок данок ќе ве присили да го продадете имотот. Испробан е рецептов во Грција но и многу други места. На крај голем дел од народот, од сопственик на имотот, ќе постане кираџија во истиот. Како што впрочем е и ситуацијата во државава во моментов за мнозинскиот народ….

Таа ќе биде цената за овие здруженија, партиски трутови и бројлери кои ги товиме, за традиционалниот македонски лоповлук, за сите роднинско-пријателско-партиско-вујнински шеми и изживувања. За брзо ќе дојде цехот. Ишала да грешам….

 

Наум Димитровски