trgovski dogovorВо американскиот град Атланта, по неколку години на билатерални и мултилатерални преговори, потпишан е најголемиот договор за слободна трговија во светот. Договорот покрива 12 земји во регионот Азија-Пацифик, кои заедно произведуваат 40 проценти од светскиот бруто производ, но од него се изоставени Кина и Русија.

Договорот е потпишан од страна на претставниците на 12 земји кои се лоцирани во или на работ на Тихиот Океан, вклучувајќи ги и САД, Канада, Мексико, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

12-те земји генерираат 40 проценти од светскиот бруто производ, а иницијативата за потпишување на договор за либерализација на трговијата е на владата на САД.

Во иднина се очекува прием на други земји во регионот, како што се Јужна Кореја, Филипини и Индонезија.

Иако се географски дел од регионот Азија-Пацифик, големите економии Кина и Русија од почетокот не се вклучени во овој проект за либерализација на трговијата под раководство на Америка.

Транс-Пацифичкото партнерство се очекува да им овозможи на потписниците годишен економски раст од најмалку еден процент, а генерира вкупен профит од 380 милијарди долари годишно.

Ова партнерство може да ја забрза либерализацијата на трговијата и во другите делови на светот, инспирирајќи потпишување на слични договори кој ќе ги вклучува Кина, Индија и Европската унија.

Во земјите како Јапонија и САД, договорот не се доживува само како економски договор, туку и како договор кој придонесува кон зајакнување на безбедноста, бидејќи тоа ќе им овозможи на земјите потписнички посилна економска и политичка интеграција и тоа да им послужи како противтежа на растечката моќ на Кина во регионот.