Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив направиле над 660.000 трансакции.

„За три недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија“, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Таа додава дека банките ја информирале оти со картичките најмногу се пазари во супермакетите, односно преку 90 отсто од транскациите се таму.