Економските последици од пандемијата на Ковид-19 дополнително и предизвикаа проблем на тешката ситуација на презадолжените држави. Многу од нив се веќе моментно инсолвентни, а неизвесно е дали отпишувањето на долгот ќе им помогне долгорочно.

Во решавањето на проблемот се вклучени Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, па и Г20 – групата на индустриски најразвиените земји, како и економиите во развој. Целта е поефикасна помош за тешко задолжените држави за време на пандемијата на коронавирус.

Овој пат се вклучени и Кинезите, но никој навистина не знае колкави кредити им давала Кина на сиромашните земји во Африка и на другите континенти, и дека веќе не станува збор за тоа како сиромашните земји ќе го санираат својот државен буџет, отколку што воопшто можат да ги поднесат тие долгови.

Католичката организација за помош Мисереор и иницијативата erlašjahr.de наведуваат во својот Извештај за состојбата на долгот за 2020 година дека 124 од вкупно 154 сиромашни земји и држави во развој се задолжени до критична точка. Вкупниот долг на сите земји разгледани во извештајот изнесува 7,81 трилиони американски долари.

Уште во ноември 2020 година, Замбија престана да плаќа рати за своите државни обврзници во американски долари.

„Како е можно толку важен производител на суровини како што е Замбија, еден од десетте најголеми производители на бакар во светот, повеќе да не може да ги плаќа своите долгови? И тоа откако оваа земја пред десет години успеа да ја намали својата задолженост од околу 200 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на нешто помалку од 20 отсто, согласно најновиот скратен долг во рамки на иницијативите за намалување на долгот: ХИПЦ (високозадолжени сиромашни земји) и МДРИ (иницијатива за мултилатерално олеснување на долгот)? “.

Речиси десет години подоцна, денес односот на долгот на Замбија се врати на 120 отсто од БДП, и се поставува прашањето дали ова е само последица на ниските цени на бакарот.

Меѓу факторите на ризик кои доведуваат до презадолженост се, според erlašjahr.de и Мисереор, покрај високите инфраструктурни барања и зависноста од неколку извозни суровини, и „лошото управување во некои земји на југот“, што ја зајакнува „тенденцијата кон неодржлив долг “.

Економистката Дина Померанц од Универзитетот во Цирих, која се специјализирала за развојна политика, ги истражува причините поради кои многу земји продолжуваат да ги достигнуваат своите финансиски лимити. Нејзината основна теза е дека ниту една модерна држава не може да опстане на долг рок без ефикасен даночен систем.

– За да може да се грижи за образованието, медицинската нега и инфраструктурата, државата мора да собира даноци. Ниту една модерна земја не може да постои на долг рок без ефикасен даночен систем потребен за одржување на редот, законот и функционална држава, истакна Померанц.

На онлајн семинарот на Центарот за проучување на африканските економии при Универзитетот во Оксфорд, Померанц потсети дека индустриските земји како што се САД, Велика Британија, Франција и Шведска, во 90-те години од минатиот век, оданочувале од 10 до 20 проценти од нивниот БДП. Ова приближно одговара на учеството на даноците во БДП на денешните сиромашни земји и државите во развој.

Фер даночен систем исто така го зајакнува општеството и го води напред. Доколку одредени групи или компании во земјите не плаќаат данок, а истовремено од другите даночни обврзници се бара да ја исполнат таа обврска, тоа ќе предизвика огромна штета на општеството на долг рок. Економистката е длабоко убедена во тоа.

Сега, во екот на пандемија, овие сознанија тешко можат да им помогнат на луѓето во презадолжените земји. Со цел да се справат со огромните трошоци и задачи во здравствениот и социјалниот сектор, на овие земји им е потребна финансиска помош колку што е можно поскоро. Сепак, на долг рок, веројатно не постои начин да се постават јавните финансии на хронично презадолжените земји на поздрава основа – не само во Африка, туку и во Европа и остатокот од светот.