Русите произведуваат сè повеќе злато, така што 2019 година беше рекордна и надмина 360 тони, а годинава се очекува нов рекорд

Во интервју за РИА Новости, експертот на руската банка ВТБ Капитал, Атанас Џумалијев посочува дека Русија ја надмина Австралија според производството на злато во 2019 година и дека се очекува оваа година да се произведе уште повеќе.

Според проценката на Здружението на производители на злато, производството на злато во Русија се зголеми за 12% во 2019 година во споредба со 2018 година.

Извозот на злато во шипки од Русија исто така се зголеми осум пати минатата година и изнесуваше повеќе од 116 тони во споредба со 13,9 тони во 2018 година.

Според Централната банка на Русија, резервите на злато изнесуваат 554,36 милијарди долари.

Девизните резерви се зголемија за 1,8 % (443,9 милијарди), а резервите на злато за 4,23 % (110,3 милијарди).

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк