Додека многу сиромашни луѓе станаа уште посиромашни, бројот на милионери се зголеми за 5,2 милиони на 56,1 милиони на глобално ниво, се вели во студијата на Кредит Свис.

Повеќе од 5 милиони луѓе станаа милионери во светот во 2020 година, и покрај економската штета предизвикана од пандемијата, објави Би-Би-Си.

Додека многу сиромашни луѓе станаа уште посиромашни, бројот на милионери се зголеми за 5,2 милиони на 56,1 милиони на глобално ниво, според студијата на Кредит Свис.

Авторите на извештајот посочуваат и дека 2020 година е прва година во која над 1% од возрасната популација на планетата се милионери.

Во споредба со една година порано, најголем пораст на бројот на милионери е регистриран во САД – 1730 на вкупно 21.951. Најсериозен пад има во Бразил – од 315 на 207 во 2020 година.

Скоро 15% од возрасната популација во Швајцарија се милионери, проценува студијата. Следат Австралија (9,4) и САД (8,8).

Се проценува дека бројот на милионери во светот може да надмине 84 милиони во 2025 година.