Стопанската комора на Северна Македонија континуирано учествува во активностите поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, со цел подобрување на условите за работа на компаниите во регионот, односно со цел олеснување на увозот, извозот и на движењето на стоките, на слободното движење на земјоделските производи и на храната, како и на слободното движење на непрехранбените производи, трудот и капиталот.

Со цел практично согледување на ефектите од одредени мерки кои беа преземени во рамките на оваа иницијатива, како и со цел согледување на придобивките и на потенцијалните проблеми, односно на ефектите од досега преземените мерки за олеснување на протокот на стоката на најфреквентниот граничен премин, Стопанската комора на Северна Македонија, почнувајќи од 1 јули заклучно со 31 август 2022 година, ќе го реализира Проектот „Следење на протокот на стоки на граничниот премин ’Табановце’“.

Вработени лица во Стопанската комора секој работен ден во овој период ќе бидат присутни на граничниот премин, со соодветни обележја од Комората, на кои ќе може да им се пристапи и да им се споделат искуствата од спроведувањето на надворешно-трговските процедури што се применуваат при извозно-увозните активности.

Лице за контакт од Стопанската комора на Северна Македонија до кое може написмено да се доставуваат предлозите: Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор, електронска адреса: [email protected]