На Саемот на вино, храна и туризам „Винска визија Отворен Балкан“, кој ќе се оддржи од 1 до 4 септември во Белград, македонските компании може да се пријават до 14 август.

Комората на органски производители (КОП), со поддршка од Владата на РС Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, планира реализација и учество на саемската манифестација. На саемот делегацијата ќе настапи со национален павилјон (штанд), на кој учество можат да земат сите заинтересирани компании.

Во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, Владата овозможува учество на македонските компании, при што ги покрива трошоците за изложбено-продажниот простор и поставувањето штанд. Организаторот ќе откупи од секоја фирма-изложувач по 12 производи од секој баркод, кои ќе ги искористи за промоција на компаниите, а ќе бидат платени пред поаѓање на саемот. Уделот на компаниие ќе биде покривање на патните трошоци, сместување и организација на урнеци и промотивни материјали за успешна презентација за саемот.

Пријавувањето е најдоцна до 14 август на [email protected].