ПОВИК за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија.

Проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – „Не оставај никој зад себе” објавува ПОВИК за доделување грантови.

Целта на повикот е да поддржи ентитети кои делуваат на претприемачки начин, создават иновативни и неконвенционални решенија за тековните општествени предизвици, креираат вредност за општеството и за сите засегнати страни.

ПОСТАПКА И КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Крајниот рок за доставување на апликациите е 25 јули 2022, до 16.00 часот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЦЕЛОСНА АПЛИКАЦИЈА

Повик за доделување грантови
Анекс 1: Формулар за аплицирање
Анекс 2: Формулар за буџет
Анекс 3: Список на референци на проекти реализирани во последните 3 години
Анекс 4: Изјава за двојно финансирање
Анекс 5: Листа на проверка

Апликациите треба да се доставуваат во електронска форма на адресата за пријавување.
Деталните информации за повикот, заедно со потребните формулари што треба да се пополнат, може да се преземат во прилогот подолу.
https://bit.ly/3neDaWp