Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ за тековната 2022/2023 година.
По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти, а поддршката за секој стипендист изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД.
👉Повеќе информации за критериумите и начинот за аплицирање https://cutt.ly/dAofTI0
📅Рокот за аплицирање е отворен до 15.03.2022