Комерцијална банка, како столб на довербата на штедачите во земјава, од 15.03.2023 година ќе ги зголеми каматните стапки и ќе им овозможи на своите клиенти заштеди со уште поголеми приноси.
Банката ќе ги зголеми каматните стапки на денарските и на девизните депозити за физички лица за рок на орочување од 6 до 36 месеци, како и стимулативниот додаток кај денарските депозити за клиентите кои имаат склучено договор за стимулативна каматна стапка за влог од 1 милион до 20 милиони денари.
⦁ До 0,75 процентни поени се зголемуваат каматните стапки кај договорите со фиксна каматна стапка за денарски и девизни депозити во валута евра, за рочност од 6 до 36 месеци, а склучени по 01.10.2017 година, при што новите каматни стапки кај веќе постоечките договори ќе се применуваат по истекот на рокот за орочување. Новите фиксни каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,10% до 2,30%, а кај девизните во валута евра од 0,40% до 1,30%.
⦁ До 0,30 процентни поени се зголемуваат каматните стапки за денарски и девизни депозити во валута евра, за рочност од 12 до 36 месеци, кај договори склучени пред 01.10.2017 година, со прилагодлива каматна стапка. Повисоките каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,40% до 1,50%, а за девизните депозити во евра од 0,25% до 0,70%.
⦁ Со зголемување на стимулативниот додаток за 0,10 процентни поени кај денарските депозити со договор со стимулативна каматна стапка, штедењето на износ помеѓу 1 милион и 20 милиони денари во Комерцијална банка станува уште поатрактивно. Највисоката стимулативна фиксна каматна стапка за денарски депозити изнесува 3,9%, а за девизни депозити во валута евра изнесува 2,8%.

Штедењето во Комерцијална банка, покрај атрактивен принос, овозможува и онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.
Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.
За сите подетални информации на располагање стојат нашите тимови во експозитурите на банката, а клиентите може да се обратат и на е-маил: [email protected].