Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат регрес (К-15) во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

Оваа поволност беше соопштена од премиерот Зоран Заев на денешната владина прес-конференција како дел од петтиот сет на економски мерки за помош на стопанството со кои ќе се премине во фаза на економско закрепнување од последиците од ковид кризата.