Како што објави„CNBC“ најпопуларната дигитална валута паднаа за 2,65% во 21:30 GMT до 8.659,46 долари според нивните податоците . Биткоинот го загуби својот краткорочен максимум од 11.660 долари, што беше постигнат претходно овој месец.

 

Јапонската агенција за финансиски услуги планира да издаде предупредување против платформата за тргување со криптовалути „Binance“ поради тоа што оперира во земјата без регистрација, соопшти „Ројтерс“. Ако „Binance“ не го земе во предвид предупредувањето, агенцијата ќе ги извести органите за спроведување на законот.

 

„Ние сме во конструктивен диjалог со Јапонската агенција за финансиски услуги и не сме добиле до сега од нив никакви наредби“, напиша во „Twitter“, Чампен Жао, извршен директор на „Binance“ која е и една од најголемите трговски платформи со криптовалути во светот.

 

Јапонската национална полициска агенција утврдила 149 случаи на хакерски напади во минатата година, насочени кон криптовалутите, како општите загуби од нив се проценуваат на 662,4 милиони јени (6,3 милиони долари), вклучувајќи го претежно „рипл“.

 

Во понеделникот Јапонската агенција за финансиски услуги изјави дека одржала состанок на тема блокчејн технологијата со регулатори и претставници на локалните власти од Синагапур и Канада. Агендата на седницата што беше зад затворени врати, вклучуваше дискусијата на ранливоста на блокчејнот и кординацијата меѓу регулаторните тела и академици.

 

Негативно влијание врз трговијата во почетокот на март, исто така, се должи на веста за потенцијален проблем со „фишингот“ насочен кон „Binance“. Потоа, раководството на компанијата објаснува дека ги истражуваат можните трговски неправилности.

 

Јапонските регулатори наредија две берзи да престанат да работат еден месец. Двете берзи „Bit Station“ и „FSHO“ добија наредба да престанат со своите активности до 7-ми април и да ја подобрат заштитата на средствата и информациите за своите клиенти.

 

Во меѓувреме Јапонската служба за финансиски услуги направи допис на пет други берзи за криптовалути, вклучувајќи ја и „Coincheck“, бидејќи утврдила дека заштитата на потрошувачите и управувањето со ризикот на овие берзи не е доволно добра.